Достапни линкови

logo-print

Панета: Рано е да се скока со заклучоци за генералот Ален


Американски секретар за одбрана Леон Панета изрази доверба во американскиот командант во Авганистан генерал Џон Ален и покрај истрагата за можна негова „несоодветна комуникација“. Генералот е под лупа поради електронска комуникација со жена од Флорида во врска со секс скандалот во кој е инволвиран поранешниот директорот на ЦИА Дејвид Петреус. Панета во својот говор во Австралија истакна дека е рано да се скока со заклучоци за обвинувањата против генералот Ален. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон која присуствуваше на прес конфренцијата изјави дека моменталната ситуација не влијае врз американската мисија во Авганистан. Вчера Панета соопшти дека Ален е номиниран за командант на НАТО силите во Европа, но сега тоа е ставено на „чекање“ и тој ќе се врати во Авганистан додека не заврши истрагата.
XS
SM
MD
LG