Достапни линкови

ММФ: ЕУ земјите да отпишат дел од долгот на Грција


Грчкиот министер за финансии Георги Стурнас и шефот на ММФ Кристин Лагард

Грчкиот министер за финансии Георги Стурнас и шефот на ММФ Кристин Лагард

ММФ не е подготвен да и достави на Грција дополнителни кредити, доколку земјите на Европската Унија не отпишат значителен дел од грчкиот долг, пишува денеска „Волстрит журнал Јуроп“.
Кредиторите засега не успејаа да постигнат согласност околу следната транша од 31,5 милијарди евра за Грција. Се очекува следниот обид за постигнување договор да биде на 20 ноември на средбата на министрите за финансии од еврозоната и претставници на ММФ.
Грција траншата требаше да ја добие во септември или октомври, но Атина неочекувано побара две дополнителни години за исполнување на задолженијата, содржани во втората програма за помош.
XS
SM
MD
LG