Достапни линкови

Грција не е веќе дел од „Јужен поток“


Russia -- Gazprom head Aleksei Miller

Russia -- Gazprom head Aleksei Miller

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека Грција не е веќе дел од плановите за изградба на гасоводот „Јужен поток“ кој се очекува да почне да доставува гас за Западна Европа во 2015 година.
Како што јави „Катимерини“, претставници на „Газпром“ на прес-конференција во Москва соопштиле дека одлуката е донесена поради тоа што побарувачката на грчкиот пазар не може да ги покрие трошоците за инвестицијата.
Плановите за Грција да биде дел од Јужен поток беа резултат на делумно добрите односи меѓу Атина и Москва за време на Кабинетот на Костас Караманлис и се поврзани со позитивниот став на неговата Влада во промоцијата на нафтоводот „Бургас – Александропулос“, пишува „Катимерини“. Уште од тогаш беше јасно дека грчкиот дел од Јужен Поток нема да се базира на финансиски критериуми.
Сепак, извори од енергетскиот сектот тврдат дека заинтересираноста на „Газпром“ за грчкиот пазар на гас значи дека не можат сосема да се отфрлат плановите за враќање на Грција во проектот „Јужен поток“ во иднина.
XS
SM
MD
LG