Достапни линкови

logo-print

Македонската група во Конгресот на САД со 17 членови


Методија Колоски - претседател на ОМД

Методија Колоски - претседател на ОМД

Македонската група во новиот состав на Конгресот на САД ќе брои 17 членови, по приклучувањето на Вилијам Лејси Клеј, конгресмен од Мисури.
Како што информираат од Обединетата македонска дијаспора, Клеј претставува сојузна држава во која има голема заедница на Македонци.
- „Македонците се доселуваат во Сент Луис повеќе од еден век. Овој град е историски центар за македонската заедница во САД, каде уште во 1903 година македонските доселеници помагаа да се изгради православната црква Свети Тома, се наведува во соопштението на ОМД.
Клеј е конгресмен со 12 годишно искуство во Претставничкиот дом, каде служи во повеќе комитети, како комитетот за финансиски услуги и за надзор над владата.
XS
SM
MD
LG