Достапни линкови

Инцко - Србите го загрозуваат територијалниот интегритет на БиХ


Меѓународниот претставник за Босна и Херцеговина Валентин Инцко.

Меѓународниот претставник за Босна и Херцеговина Валентин Инцко.

Меѓународниот претставник за Босна и Херцеговина Валентин Инцко, зборувајќи пред Советот за безбедност на ОН, рече дека територијалниот интегритет на Босна е загрозен. Тој го обвини раководството на српскиот ентитет во земјата дека користи анти-државна сецеционистичка реторика и оти се обидува да го поткопа мировниот договор потпишан во Дејтон во 1995 година, осврнувајќи се на иницијативата на претседателот на Република Српска Милорад Додик за еднострано распуштање на Вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин оцени дека извештајот на Инцко е со „алармантен тон“ и ги обвини босанските Муслимани за ескалацијата на тензиите во земјата.
XS
SM
MD
LG