Достапни линкови

Бајден му ја пренесе на Јанукович загриженоста за изборите во Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден.

Американскиот потпретседател Џо Бајден.

Американскиот потпретседател Џо Бајден му ја пренесе загриженоста на САД за неодамнешните избори на украинскиот претседател Виктор Јанукович. Бајден телефонски разговарал со Јанукович за да му се заблагодари за честитките за реизборот на претседателот Обама.

Украинската опозиција и Западот сметаат дека изборите од 28 октомври, на кои победи партијата на Јанукович, биле нарушени од бројни нерегуларности. Бајден ја повика Украина да се држи до демократските принципи и да престане со селективните обвиненија. Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко отслужува седум години затвор за злоупотреба на функцијата. Нејзините поддржувачи и Западот сметаат дека нејзиното затворање е политички мотивирано.
XS
SM
MD
LG