Достапни линкови

Украдени клучевите од Лондонската кула


Лондонската кула.

Лондонската кула.

Пријавено е ретко нарушување на безбедноста во Лондонската кула, едно од најпознатите обележја на Велика Британија и место каде што се чува кралскиот накит и круни. Властите соопштија дека кралскиот накит и круните, како и други артефакти, се на безбедно, но оти морало да бидат сменети неколку брави откако натрапник ги украл клучевите од стражарската кутија пред една недела. Во кралскиот накит меѓу другото има целосно златна круна потешка од два килограми, а таму е и 105-каратниот дијамант Кохинор(Планина на светлината). Кулата е обезбедувана од церемонијални чувари, кои се поранешни припадници на британските вооружени сили.
XS
SM
MD
LG