Достапни линкови

Штрајк на лекарите ќе има и покрај притисоците


Macedonia - Protest of doctors at the Clinical Centre in Skopje - 24Sep2012

Macedonia - Protest of doctors at the Clinical Centre in Skopje - 24Sep2012

Лекарите се жалат на притисоци, но најавуваат дека штрајкот сепак ќе се одржи. Уверуваат дека ничие здравје нема да биде загрозено поради штрајкот.

Лекарите нема да се откажат од штрајкот сè додека не бидат исполнети нивните барања. Претседателот на синдикатот на Клиничкиот центар, доктор Дејан Ставриќ вели дека нивната цел е да ги заштитат своите права и пред сè правата на пациентите од еден неквалитетен модел кој произведува лоша и намалена здравствена заштита.
Штрајкот е еден радикален метод за остварување на правата, на оние права кои ни следуваат. Се работи за професионални барања во однос на правата, во однос на начинот на работа, тоа го подразбира моделот на плаќање по учинок и за односот на институциите кон интелектуалците од делот на здравството. Очекуваме да се постигне договор по овие наши основни барања.

„Штрајкот е еден радикален метод за остварување на правата, на оние права кои ни следуваат. Се работи за професионални барања во однос на правата, во однос на начинот на работа, тоа го подразбира моделот на плаќање по учинок и за односот на институциите кон интелектуалците од делот на здравството. Очекуваме да се постигне договор по овие наши основни барања.“

Ставриќ додава дека досега наишле на низа притисоци кои не ги поколебале во нивната намера да го одржат штрајкот.

„Притисоци има постојано, тоа е нормално. Постојат и институционални и индивидуални притисоци, најчесто се во усна форма за да бидат недокажливи. Формирање на пара-синдикати кои делуваат на терен, меѓутоа некој голем ефект, затоа што самото тоа покажува реалната основа на овој професионален штрајк. Притисоци има меѓутоа мислам дека тоа нема да го поколеба она што треба да се случи.“

Доктор Милчо Пановски вели дека штрајкот нема да влијае врз работата со пациентите.

„Сите пациенти кои ќе бидат затекнати во болниците, ќе бидат лекувани до моментот на завршување на нивното лекување. На ниеден болен нема да му биде загрозен животот додека е во болница. Барањата на министерот ние да работиме се според неговите правила е нејасно, затоа што законот јасно пропишува во услови на штрајкот, што се работи и како се работи.“

Од синдикатот велат доколку се остварат заканите на министерот за здравство Никола Тодоров лекарите да добијат само минимална или основна плата ќе се жалат пред суд. Од Министерството за здравство велат дека немаат коментар за штрајкот, на кој, според синдикатот, учество ќе земат 1.300 лекари.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG