Достапни линкови

logo-print

Реакции на ЕУ за Сириската опозиција


Францускиот министер за надворешни работи Лаурент Фабиус по состанокот со министри од ЕУ и Арапската лига во Каиро изјави дека одлуката на сириската опозиција за обединување е одлична затоа што дозволува сирискиот отпор да се обедини околу своите различности и Франција целосно го поддржува тоа. Британскиот шеф на дипломатијата Вилијам Хејг изјави дека сега треба да се избори за поддршка од внатре во Сирија. Тој додаде дека тоа не значи дека Британија сега ќе ја снабдува со оружје сириската опозиција затоа што постои ембарго на ЕУ кои се однесува за цела Сирија. Хејг истакна дека откако ќе видат дека сириската опозиција во целост ќе ги спроведе договорот што го потпиша, тогаш ќе може да биде презнаен како легитиме претставник на сирискиот народ. Германскиот министер Гвидо Вестервеле предложи да се оддржи состанок за пријателите на Сирија до крајот на годинава на кој ќе се одлучува за слениот дипломатски чекор кон сириската опозиција. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во својот говор што го оддржа во Парламентот во Атина ја поздрави и изрази поддршка за обединетата сириска опозиција.
XS
SM
MD
LG