Достапни линкови

logo-print

Гордон: Решение на спорот за името неопходно за членство во НАТО


Вратата на НАТО е отворена, земјите кандидати знаат што треба да направат, треба сите критериуми да се исполнат, а еден од нив е и консензус на членките, изјави денеска американскиот помошник државен секретар за европски прашања Филип Гордон, јавува новинската агенција МИА. Тој на новинарското прашање дали може да се пресликаат во НАТО опциите кои ќе се разгледуваат во ЕУ, а тоа е Македонија да почне преговори а спорот за името да се реши во раната фаза од преговорите, одговори дека има одредени аналогии меѓу состојбата на НАТО и ЕУ но останува фактот дека е потребна едногласна согласност на сите земји членки.
Гордон додаде дека жали што Македонија се уште не е членка на алијансата и дека очекува да се направи се што може за да дојде до взаемно прифаливо решение за спорот за името.
Тој повтори дека е запознаен со фактот дека пресудата од Меѓународниот суд во Хаг укажува дека ставот на Грција е спротивен на Времената спогодба, но и во тој случај НАТО може да се прошири само кога има консенуз од сите членки.
XS
SM
MD
LG