Достапни линкови

logo-print

Конфискувани 4,2 тони дрога во Таџикистан


Воениот суд во Таџикистан осуди 5 погранични чувари на казна затвор од 3 до 21 година. Најголемата казна ја доби шефот на пограничната служба на таџикистанско- авганистанската граница. Судот соопшти дека минатата година кај него биле пронајдени 20 килограми хашиш. Во меѓувреме портпаролот на таџикистанскиот комитет за национална безбедност соопшти дека висок полициски служеник денеска е уапсен откако во неговиот дом се пронајдени 12 килограми хероин. Дрогата произведена во Авганистан преку централна Азија завршува во Русија и Европа. Минатата година таџикистанските власти конфискувале 4,2 тона дрога од шверцери.
XS
SM
MD
LG