Достапни линкови

Ѓул:Сирија може да го употреби против Трција хемиското оружје


Турскиот претседател Абдулах Ѓул предупреди на можноста Сирија да употреби хемиско оружје против Турција. Тој во интервју за британскиот весник „Фајненшал тајмс“, изјави дека при евентуална таква закана од страна на Сирија, може да биде одговорено со ракети „Патриот“ на НАТО. Ѓул истакна дека е познато оти Сирија поседува хемиско оружје и има стари советски системи за истрелување, така што треба да се има предвид можноста за некаков вид на лудост во тој однос и да се изврши напад.
Турскиот претседател смета дека неколкуте инциденти, во кои муниција од Сирија беше испукана кон турска територија, не биле случајни.
XS
SM
MD
LG