Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Не држат обвинувањата на СДСМ


По обвинувањата на СДСМ дека Владата нема иницијатива за забрзување на евроинтегративните процеси, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Во писмената реакција е наведено дека обвинувањата не држат и дека колку владата и министерот за надворешни работи посетиле земји членки на ЕУ и НАТО, сите функционери на СДСМ немаат посетено во изминативе 20 години. Во продолжение е наведено дека владата вложува максимални напори за заштита и остварување на надворешно политичките интереси на Мaкедонија. Претходно секретарот на СДСМ Андреј Петров изјави дека последните случувања покажуваат оти се зголемува бројот на соседи кои се пречка за прием во ЕУ, а македонскиот министер за надворешни работи е во посета на Виетнам и Индонезија земји кои ниту се во ЕУ ниту имаат дипломатска моќ да влијаат некако врз евроинтегративните процеси на Македонија.
XS
SM
MD
LG