Достапни линкови

Груевски: Чешка ја поддржува Македонија


Чешка традиционално ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО изјави прeмиерот Никола Груевски по денешната средба во Прага со чешкиот колега Петр Нечас, јавува новинската агенција МИА. Тој додаде дека чешката поддршка се однесува и на планот на Европската комисија која неодамна соопшти дека во декември Македонија треба да добие датум за преговори за влез во ЕУ. Груевски додаде дека со чешкиот премиер разговарале и за други прашања, констатирале дека расте економскатa размена меѓу Македонија и Чешка, особено делот што се извезува од Македонија.
XS
SM
MD
LG