Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун го поздрави дијалогот меѓу Белград и Приштина


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги поздрави „конструктивните чекори“ во рамки на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Toj изрази надеж дека тоа ќе доведе до нормализирање на односите и воспоставување траен мир во регионот. Бан Ки-мун во својот редовен тримесечен извештај наведе дека во претходниот период, од 16 јули до 15 октомври е направен позитивен напредок во настојувањата да се спроведат договорите постигнати во дијалогот со посредство на ЕУ. Toj истакна дека последните неколку месеци покажале дека двете страни се способни да ги надминат пречките кои се појавиле поради различните интерпретации на договорите и дека „имаат волја да тргнат напред“.
XS
SM
MD
LG