Достапни линкови

logo-print

Ставрески: Македонија ќе биде дел од „Јужен тек“


Македонија со сигурност ќе биде дел од “Јужен тек“, изјави денеска вицепремиерот Зоран Ставрески. Тој додаде дека Владата добила предлог-договор од руската страна, кој бил детално разгледан и се очекува наскоро да биде финализиран, по што ќе следи и конечното потпишување.
Ставрески посочи дека Македонија ќе се приклучи преку крак, а не како транзит кон “Јужен тек“. За тоа каде ќе биде кракот со кој ќе се приклучи Македонија кон гасоводниот систем, министерот рече дека ќе се определи кој е најекономски и најисплатлив начин, односно ќе се истражи дали е најиплатливо паралелно да биде со постоечкиот, или да се направи преку Србија за да се обезбеди дополнителен влез на гас во Македонија или некое трето решение.
XS
SM
MD
LG