Достапни линкови

Аунг Сан во посета на Индија


Опозицискиот лидер на Бурма Аунг Сан Су Чи за прв пат по 4 децении ја посети Индија. Таа денеска треба да се сретне со индискиот премиер Манмохан Синг. Нобеловката ја предупреди Индија дека е преоптимистички настроена за промените во Бурма. Таа помина речиси 15 години во домашен притвор и беше ослободена во 2010 година а минатата година стана и дел од парламентот.
Синг во мај ја посети Бурма во обид за подобрување на трговската размена и зајакнување на заедничкото влијание врз регионалниот ривал Кина.
XS
SM
MD
LG