Достапни линкови

СДСМ:Владата да покаже стратегија


СДСМ обвини дека Владата нема никаква проактивна иницијатива да се промени постоечката состојба и да се забрзаат евроатланските интеграции. Секретарот на СДСМ Андреј Петров побара владата да покаже каква стратегија има за декемврискиот самит за Македонија да добие датум за преговори за влез во ЕУ. Тој додаде дека со последните случувања покажуваат дека се зголемува бројот на соседи кои се пречка за прием во ЕУ а македонскиот министер за надворешни работи е во посета на Виетнам и Индонезија земјои кои ниту се во ЕУ ниту имаат дипломатска моќ да влијаат некако врз евроинтегративните процеси на Македонија.
XS
SM
MD
LG