Достапни линкови

ММФ и Србија стартуваа преговори


Меѓународниот монетарен фонд започна прелиминарни преговори со Србија за нов заем. Со јавен долг кој изнесува 50 проценти од бруто домашниот производ на Белград итно му се потребни пари за да ја одржи стабилна економијата следната година. Преговорите кои ќе траат една недела ги опфаќаат економските политики и планираниот буџет за 2013 година. Српскиот годинешен буџетски дефицит изнесува 7 проценти од БДП. Претставникот на ММФ во Србија Богдан Лисовиќ изјави денеска дека разговорите ќе продолжат доколку Белград ги прифати неопходните услови. ММФ суспендираше кредит од 1,3 милијарди долари во февруари, бидејќи владата трошела многу пари за време на изборите.
XS
SM
MD
LG