Достапни линкови

Франција претпазлива за сириската обединета опозиција


Францускиот министер за одбрана Жан Ивс ле Дриан изјави дека се уште е рано да се признае новоформираната обединета сириска опозиција и повика да се направи повеќе за да се внесат различните фракции во оваа организација. Тој денеска во Париз чекорот на опозицијата го оцени како позитивен, но не доволен за да се формира привремена влада што меѓународно би била призната. Лидерите на сириската опозиција викедов во Доха формираа коалиција и побараа меѓународно признавање. Франција смета дека политичкото единство е вистинскиот пат за Сирија, но потребно е да биде придружено од обединување на сите групи.
XS
SM
MD
LG