Достапни линкови

logo-print

Гаспром потпиша договор со Словенија за изградба на гасоводна мрежа


директорот на Гаспром Алексеј Милер

директорот на Гаспром Алексеј Милер

Претставници на рускиот гигант Гаспром и Словенија денеска потпишаа договор за изградба на гасоводната мрежа низ Словенија. Руските медиуми јавуваат дека на потпишувањето на договорот покрај директорот на Гаспром Алексеј Милер и директорот на словенечката компанија Марјан Еберлиќ, присуствувале и рускиот премиер Дмитри Медведев и неговиот колега од Словенија Јанез Јанша.
Рускиот гас преку Бугарија, Унгарија и Словенија ќе се дистрибуира до Италија. Изградбата на гасоводната мрежа чија вредност изнесува 16 милијарди евра ќе стартува на 7 декември.
XS
SM
MD
LG