Достапни линкови

Ослободен со кауција радикален свештеник во Британија


Радикалниот исламски свештеник Абу Ќатада

Радикалниот исламски свештеник Абу Ќатада

Радикалниот исламски свештеник Абу Ќатада што беше осуден за учество во операции на Ал Каеда е пуштен со кауција на слобода откако ја доби тужбата против негова екстрадиција од Британија во Јордан. Тој беше осуден во отсуство во Јордан за извршување на бомбашки напади. Ќатада помина неколку години во затвор откако беше уапсен во Британија во 2002 година.
Британскиот имиграциски совет одлучи дека тој не може да биде екстрадиран во Јордан затоа што таму не може да добие фер судење.
Минатиот месец британската влада го екстрадираше радикалниот свештеник Абу Хамза во САД. Тој се бореше 8 години против екстрадицијата.
XS
SM
MD
LG