Достапни линкови

logo-print

На анекс-договори за плоштадот под Воинот отидоа 1,5 милиони евра


Два тендери за плоштадот Карпошово востание, со анекс договори ги зголемија цените за 29,7 отсто, односно без оглас се потрошени дополнителни 1,5 милиони евра.

Анекс договорите ги дигаат цените за јавни набавки за милиони евра. Последен пример е плоштадот Карпошово востание, чија цена е договорено, без објавување оглас, зголемена за 1,44 милиони евра. Плоштадот на влезот во Старата скопска чаршија, каде што е споменикот на Филип Втори, или официјално Воин, досега чини повеќе од 6,5 милиони евра. Кога на тоа ќе се додадат 3 милиони евра, колку што чини Воинот, се доаѓа до 9,5 милиони евра.
Јавни набавки за плоштадот Карпошово востание од сајтот на Бирото за јавни набавки. Клик на сликата за поголема верзија.

Јавни набавки за плоштадот Карпошово востание од сајтот на Бирото за јавни набавки. Клик на сликата за поголема верзија.


Во случај со проектот Скопје 2014, тоа е веќе пракса, тоа е и проблемот. Тоа може да се случи два, три или пет пати, меѓутоа не може да е таков целиот проект. Знаеме кога започна Скопје 2014, знаеме која беше проектираната сума и знаеме на колку се искачи. Така што, навистина сето тоа е многу сомнително.
Како се стигна до таа сума? Градот Скопје во јуни 2010 склучува договор во вредност од 190 илјади евра за дислокација на водовод, фекална и атмосферска канализација. Во декември 2011, Град Скопје, без оглас, склучува анекс договор за дополнителни и непредвидливи работи за дислокација на водовод, фекална и атмосферска канализација во вредност од 56 илјади евра. Тоа претставува зголемување на цената од основниот договор за 29,7 отсто.

Општина Центар во јули 2011 склучува договор од 46 илјади евра за вршење стручен надзор над изградба на комплекс Карпошово востание.

Во летото 2011, Општина Центар склучува договор за изведување на градежни и градежно-занаетчиски работи за изградба на комплекс Карпошово востание во вредност од 4,85 милиони евра, за сега, без оглас, со непосреден договор за дополнителни непредвидени работи да ја зголеми цената за 1,44 милиони евра. Зголемувањето и во овој случај е 29,7 отсто од цената од основниот договор.

Со тоа, и во двата случаи, е испочитуван законот за јавни набавки кој вели дека може да се спроведе постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, ако меѓудругото вредноста на дополнителните набавки не надмине 30 отсто од вредноста на основниот договор.

Антикорупциските експерти велат дека анекс договорите секогаш оставаат простор за сомнеж за корупција. Извршната директорка на Транспарентност Македонија Ана Јаневска Делева вели дека некогаш не може да се избегнат дополнителни договори за непредвидени работи, но оти се чини дека во Македонија тоа стана пракса.

„Во случај со проектот Скопје 2014, тоа е веќе пракса, тоа е и проблемот. Тоа може да се случи два, три или пет пати, меѓутоа не може да е таков целиот проект. Знаеме кога започна Скопје 2014, знаеме која беше проектираната сума и знаеме на колку се искачи. Така што, навистина сето тоа е многу сомнително.“

Изградбата на плоштадот Карпошово востание не е единствен пример, кога цената со анекс-договорите се зголемува за милиони евра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG