Достапни линкови

Кршење на човековите права во Камбоџа


Хјуман Рајтс Воч побара од американскиот претседател Барак Обама за време на неговата посета на Камбоџа, во наредната недела, да го покрене и прашањето со кршењето на човековите права во таа земја. Според извештајот на оваа организација, над 300 луѓе биле убиени во политички мотивирани напади во изминатите две децении под владеење на аворитарниот премиер Хун Сен. Цел на нападите биле опозиционери, активисти и новинари. Обама, во понеделник ќе присуствува на самитот на источно-азијските земји во главниот град на Камбоџа, Пном Пен. Тој ќе биде првиот американски претседател која ќе ја посети Камбоџа.
XS
SM
MD
LG