Достапни линкови

Претрес во домот на љубовницата на екс директорот на ЦИА, Питреус


Американските медиуми јавија дека агенти на Еф Би Ај го претресувале домот на Пола Бродвел, љубовница на сега веќе екс директорот на ЦИА Дејвид Питреус, кој поради љубовната афера си поднесе оставка. Не е позната причината за претресот на куќата на Бродвел во Северна Каролина, но се верува дека Еф Би АЈ проверува дали има некаков безбедносен ризик од оваа љубовна врска. Во меѓувреме, под истрага е и американскиот командант во Авганистан, Џон Ален за евентуална вмешаност во целиот скандал со Питреус. Ален го наследи Питреус на местото командант на американските сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG