Достапни линкови

Грција ќе почека уште една недела на новата транша


Министрите за финансии од евро-зоната, на состанокот во Брисел ја одложија одлуката за новата транша од 31,5 милиони евра, наменети за помош на Грција за излез од финансиската криза. Нов состанок за ова прашање, министрите ќе одржат на 20-ти овој месец. Грчки официјални претставници тврдат дека прашање на денови е кога земјата ќе банкнотира доколку не ја добие следната транша од финансиската помош. Инаку, меѓународните кредитори и министрите за финансии на евро-зоната и дадоа на Грција уште две години, односно до 2016-та, да го намали буџетскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG