Достапни линкови

Украинската опозиција бара оставка од претседателот Јанукович


Украинскиот претседател Виктор Јанукович

Украинскиот претседател Виктор Јанукович

Украинските опозициски партии не се откажуваат од нивната борба против претседателот Виктор Јанукович. Тие соопштија дека ќе побараат оставка од Јанукович и слобода за Јулија Тимошенко, кој отслужува казна затвор за злоупотреба на службена должност.
Тимошенко изгуби од Јанукович на претседателските избори во 2010 година. Опозициските лидери се обратија на околу илјада нивни приврзаници пред Централната изборна комисија во Киев.
XS
SM
MD
LG