Достапни линкови

Фоте Турнер - Грција не е сама во ЕУ


Францускиот вршител на должност амбасадор во Македонија Жан Лик Фоте Турнер и Гудрун Штајнакер, германска амбасадорка во Македонија оддаваат почит на околу 2000 војници погребани на германските гробишта во Прилеп.
Францускиот вршител на должност амбасадор во Македонија Жан Лик Фоте Турнер и Гудрун Штајнакер, германска амбасадорка во Македонија оддаваат почит на околу 2000 војници погребани на германските гробишта во Прилеп.

Грција не е сама, сите 27 земји членки одлучуваме во името на ЕУ, вели вршителот на должност, амбасадор на Франција во Македонија, Жан Лик Фоте Турнер.

Одбележувањето на Денот на спомените за сите мртви и жртви на владеењето на насилство, ранети и раселени лица од Првата и Втората светска војна, во тие рамки оддавањето почит на околу 2000 војници од Германија, Франција, Унгарија, Бугарија, кои се погребани на германските гробишта во Прилеп, како што истакнуваат германскиот и францускиот амбасадор во Македонија се со една цел, одредени интерпретации на минатото да останат само во колективното сеќавање. Прифаќајќи ја заедничката одговорност за иднината, истакнува германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, значи да се спречи повторувањето на историјата. А, за да се оствари мирот потребен е влог од сите инволвирани страни.
Треба волја, треба разбирање, треба да се слуша, да се разговара, тоа е важно, не е едноставно сигурно да се заборави минатото, но можно е, германскиот и францускиот пример покажува дека може.
Гудрун Штајнакер, германска амбасадорка во Македонија.

„Треба волја, треба разбирање, треба да се слуша, да се разговара, тоа е важно, не е едноставно сигурно да се заборави минатото, но можно е, германскиот и францускиот пример покажува дека може“, изјави Штајнакер, амбасадорката на Република Германија во Македонија.
Жан Лук Фоте Турнер, француски в.д. амбасадор во Македонија.
Жан Лук Фоте Турнер, француски в.д. амбасадор во Македонија.

Според вршителот на должност амбасадор на Република Франција во Македонија, Жан Лик Фоте Турнер, благодарение на Европската унија, поставени се денес вистинските столбови на мирот во Европа. А, прашањето за името, кое што е кочница за влез на Македонија во Европската унија е актуелно прашање кое во декември ќе го решава Европскиот совет.
Грција не е сама, туку Грција е членка и Европската унија е таа што ќе одлучи, затоа што денес ниту една унитарна држава не одлучува, туку сме вкупно 27 земји членки, тие говорат во еден глас, односно одлучуваме во името на Европската унија.
Жан Лик Фоте Турнер, в.д. амбасадор на Франција во Македонија.

„Знаете дека Грција не е сама, туку Грција е членка и Европската унија е таа што ќе одлучи, затоа што денес ниту една унитарна држава не одлучува, туку сме вкупно 27 земји членки, тие говорат во еден глас, односно одлучуваме во името на Европската унија. Значи за ова прашање ќе одлучи Европскиот совет по прибирање на мислењето од сите земји членки, ги земаме предвид размислувањата и на едните и на другите, а потоа ќе се донесеме одлука. Ставот на Франција е прашањето за името, да се оддели од процесот на почеток на преговори и тоа е предлог што доаѓа од европскиот комесар за проширување. И знаете дека Грција даде еден вид предлог, последниве денови Македонија размислуваше и даде одговор на тој предлог“, изјави вршителот на должност амбасадор на Франција во Македонија, Фоте Турнер.

Според министерот за одбрана Фатмир Бесими, Балканот се движи по тој пат на помирување. Низ историјата поминал низ многу предизвици, војни и конфликти, но 10 години владее мирот. А, цел на Македонија е овој мир да се одржи и да биде основа за развој на Балканот, но и за мирот во светот.

„Република Македонија преку своите контингенти односно мировни мисии низ светот, дава придонес во рамките на НАТО, односно Европска унија и ОН за светскиот мир, и тоа не само како земја партнер на НАТО, туку и како регионален пристап и со останатите земји од регионот, односно доколку регионот во 90-тите години беше во сериозен конфликт и војни, сега со заеднички настап на мировни мисии на светско ниво“, истакнува министерот Бесими.

Градоначалникот на Прилеп, каде се наоѓа светилиштето на загинатите германски и француски војници од двете светски војни, испраќа мировна порака до сите држави и народи не само на Балканот, туку и пошироко во светот.

„Да се живее во мир, толеранција, меѓусебно почитување, само тој е патот за еден подобар и поубав живот. Исто така Македонија е една од земјите која што ги почитува тие норми и за тоа сметам дека токму на Македонија и е местото во европското семејство“, порачува градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG