Достапни линкови

Младенов:Бугарија нема проблем со Македонија туку со дел од политичарите


Бугарија нема проблем со Македонија, туку со националистичките изјави на некои тамошни политичари, изјави денеска шефот на бугарската дипломатија Никола Младенов по средбата во Софија со неговите колеги од Грција и од Романија, Димитрис Аврамополус и Титус Корљецан.Тој додаде дека желба на Бугарија е да се вратат на принципите кои во 1999 година беа потврдени од тогашните премиери на двете држави а со кои се затвораат во голем степен сите можни билатерални прашања меѓу двете земји. Младенов додаде дека тие принципи треба уште еднаш да се потврдат но овојпат со дела.
XS
SM
MD
LG