Достапни линкови

Одложена одлуката за следната транша за Грција


Шефот на групата министри за финасии од еврозоната Жан Клоуд Јункер изјави дека Грција нема да добие повеќе пари денеска и покрај тоа што Атина го изгласа предлог буџетот за следната година. Тој изјави дека донесувањето одлука за следната транша од меѓународната помош ќе биде одложена затоа што се уште нема договор за прашањето како грчкиот долг за се направи оддржлив. Тој додаде дека денеска министрите ќе разговараат за прашањето дали Грција треба да добие уште две години рок за да го намали долгот. Грчките власти соопштија дека без новата транша државата за само неколку дена ќе остане без пари.
XS
SM
MD
LG