Достапни линкови

logo-print

Светска Банка: Македонија мора да води зелена економија


Директорката на Светската банка за ЈИЕ Џејн Армитаџ и вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски

Директорката на Светската банка за ЈИЕ Џејн Армитаџ и вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски

Сите податоци покажуваат дека Македонија ќе биде особено ранлива на промената на климата и затоа треба да вложува во енергетската ефикасност, одржлива употреба на природните ресурси и иновации и зелени работни места. Ова денеска го изјави директорката на Светската банка за Југоисточна Европа Џејн Армитаџ на денешната промоција од анализата за зелена економија.Вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски изјави доколку се продолжи со постојните политики негативните ефекти ќе бидат поголеми и истакна дека ќе се води сметка за енергетската ефикасност, рационална употреба на водата, урбаното планирање, употребата на јавниот транспорт.
Пешевски и Армитаџ посочија дека покрај промена на политиките важно е да се смени и начинот на однесување и навиките на луѓето.
XS
SM
MD
LG