Достапни линкови

logo-print

Статус квото на Македонија со НАТО и ЕУ мора да се надмине


Реформите во континуитет ги исполнуваме. 80 – 90 насто од граѓаните се за членство во НАТО. Ние придонесуваме за светскиот мир преку учество во мировните мисии, а во Авганистан ќе останеме и по 2014, наведе во обраќањето до парламентарната асамблеа на НАТО во Прага македонскиот премиер Никола Груевски со констатација дека оваа стаус кво состојба во чекалницата на НАТО мора ургентно да биде промената.

Премиерот Никола Груевски денеска во обраќањето на пленарната седница на парламентарната асамблеа на НАТО во Прага на пратениците им раскажа како Македонија ги исполнила сите услови за членство во НАТО и за започнување на пристапните преговори со ЕУ, но дека и покрај позитивната одлука на Меѓународниот Суд за правда, Македонија и натаму чека, пред вратите на НАТО и ЕУ.

„Како и да е, почитувани пратеници, ке се согласите дека подготовките за членство во НАТО за Македонија предолго трае. Ние продолжуваме да градиме добрососедски односи, бидејки тоа е од заедничка корист на регионот, на НАТО и на ЕУ“

Macedonia -- NATO Parliamentary Assembly in Prague, 12Nov2012

Macedonia -- NATO Parliamentary Assembly in Prague, 12Nov2012


Зборувајки за учеството на Македонија во меѓународните мисии Груевски порача и дека земјата ќе продолжи да придонесува за светскиот мир.

„Подготвени сме да останеме во Авганистан и по 2014 и да учествуваме во тернинг мисијата како подршка на авганистанските сили за безбедност“

За на крај од своето обраќање премиерот Груевски да заклучи.

„Очигледно е дека мораме оваа статус кво ситуација ургентно да ја надминеме“
„Мислам дека се очекува клучниот одговор од Република Македонија во текот на овој месец околу можноста да се постигне решение. Тој одговор треба да биде усогласен со Грција и доколку се дојде до компромис мислам дека вратите на ЕУ ќе бидат отворени“


А како очекува деблокирање на чекалницата за во НАТО и ЕУ да се надмине еве што за РСЕ изјави Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на Алијансата во Прага.

„Мислам дека се очекува клучниот одговор од Република Македонија во текот на овој месец околу можноста да се постигне решение. Тој одговор треба да биде усогласен со Грција и доколку се дојде до компромис мислам дека вратите на ЕУ ќе бидат отворени“
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG