Достапни линкови

logo-print

Расмусен: НАТО ќе ја заштити Турција


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска во Прага изјави дека алијансата ќе направи се што е потребно за да ја заштити и одбрани својата членка Турција. Анкара изрази загриженоста за безбедноста на нејзината граница со Сирија во областа каде што таа води битки со курдските милитанти. Расмусен на Парламентарното собрание на НАТО дека алијансата има доволно планови да преземе акција за да ја одбрани доколку тоа е потребно. Турција побара да постави одбранбен механизам земја- воздух за во случај на одбрана доколку сирискиот конфликт се прелее надвор од границите.
Во меѓувреме сириските владини сили бомбардираа бунтовнички засолништва во близина турската граница при што загинаа 6 луѓе.
XS
SM
MD
LG