Достапни линкови

Волерс: САД ќе продолжи да ја поддржува Македонија


Американскиот амбасадор Пол Волерс во Скопје изјави денеска дека САД ќе ги поддржат постигнувањата во Македонија во областа на граничната безбедност и ќе продолжат да и помагаат на земјата со нивната програма. Тој денеска присуствуваше на промовирањето на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека МВРодговорно е насочено кон функционална имплементација на системот на интегрирано гранично управување. Таа додаде дека оваа програма значи ефикасна контрола на границата, која, нема да оди на штета на либерализирањето односно овозможувањето што послободен и подинамичен проток на патници и стока.
XS
SM
MD
LG