Достапни линкови

logo-print

Сиријската опозиција се обедини против Асад


Сиријските опозициски групи кончено се согласија да се обединат во соборувањето на претседателот Башар ал Асад. До ова дојде по неколкудневни преговори во Доха, главниот град на Катар. Стејт департментот изрази подготовка да соработува со обединетата опозиција.

Шеф на новата коалиција е Муаз ал Катиб, поранешен имам во познатата Умајад џамија во Дамаск. Негови заменици се Ријад Сеиф која ја покрена иницијативата за формирање на коалицијата и активистката за правата на жените Суахир ал Атаси.

„Постои општа согласност дека нема простор за преговори со режимот. Вчера беше потпишан конечниот нацрт договор во врска со ова прашање“, изјави Али Садредин ал Бајуни, поранешен лидер на сиријското Муслиманско братство кој учествуваше на разговорите во Доха. На дел од состанокот присуствуваше и шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу кој оцени дека овој договор значи дека сиријската опозиција веќе не е поделена.
Постои општа согласност дека нема простор за преговори со режимот. Вчера беше потпишан конечниот нацрт договор во врска со ова прашање.

Новата група до која дојде по голем меѓународен притисок се нарекува Сиријска национална опозициска коалиција или Револуционерни сили.

Сиријскиот национален совет, кој по многу двоумења и се приклучи на групата, беше критикуван од Западот за неуспехот да ја обедини опозицијата во земјата. Претседателот на овој совет Џорџ Сабра, во Доха оцени:

„Се надеваме дека во нашата земја ќе има демократски избори кои ќе им овозможат на луѓето, без оглед на политичката и верската припадност да помогнат во изградбата на нова сиријска држава.“

Аналитичарите сметаат дека новата опозициска коалиција ќе добие поголема поддршка и финансиска помош од западните и од арапските земји.
Проблемот не е меѓу мене и народот, јас немам проблем со народот. САД се против мене. Западот, многу арапски земји и Турција се против мене.

Тие очекуваат од Арапската лига дури да и дозволи на новата група да ја претставува Сирија во оваа организација.

Делегатите на разговорите во Доха најавија дека во наредните неколку недели ќе се обидат да формираат десетчлена преодна влада. Таквото тело, според посматрачите, ќе биде слично како Либијскиот преоден национален совет кој беше формиран за време на востанието во таа земја кога од власт беше соборен Моамер Гадафи.

Меѓународните поддржувачи на опозицијата оценуваат дека најновиот развој на настаните на теренот би можело да доведе до паѓање на режимот на Асад, а со тоа и можноста џихадистите да ја преземат инцијативата доколку опозицијата не е подготвена да настапи веднаш.

„Проблемот не е меѓу мене и народот, јас немам проблем со народот. САД се против мене. Западот, многу арапски земји и Турција се против мене“, изјави деновиве Башар ал Асад во интервју за една руска телевизија.

Протестите против него започнаа пред скоро 20 месеци, но тиа наидоа на насилен одговор кој водеше до конфликт во кој досега загинаа над 38 илјади луѓе, додека скоро половина милион пребегаа од земјата.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак предупреди на поостар одговор доколу и натаму има спорадичен оган од Сирија кон Израел.

Израелската армија вчера одговори со предупредувачки напад откако една граната истрелана од Сирија погоди воен пункт на окупираната Голанска висормнина.

Тоа беше прв израелски напад преку границата со Сирија уште од Арапско израелската војна во 1973 година. Израел ја окупира Голанската висорамнина од Сирија во војната во 1967 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG