Достапни линкови

И Русија се вклучува во ексхумацијата на Арафат


Махмуд Абаз изјави дека на швајцарските истражувачи ќе им се придружат и руски експерти при ексхумацијата на телото на последниот палестински водач Јасер Аарафат.Абаз рече дека се надева оти благодарение на руското учество ќе се појават нови факти за причините за смртта на Арафат. Арафат почина во болница во Париз во 2004 година. Додека непосредна причини за неговата хоспитализација беше мозочен удар, позадината на проблемите од кои страдаше во последните седмици не беа разјаснети. Преку нови сонди во швајцарска лабораторија откриени се траги од радиоактивен изотоп на неговата облека, што предизвика нови сомнежи дека е отруен.
XS
SM
MD
LG