Достапни линкови

logo-print

Обесени 10 мажи во Ирак


Ирачките власти соопштија дека денеска 10 мажи се обесени поради обвинение за тероризам. Портпаролот на министерството за правда соопшти дека меѓу обесените имало и еден Египќанец. Со денешната егзекуција, бројот на извршени смртни казни во земјата од почетокот на годината се зголеми на 129, и покрај апелите на меѓународната заедница Багдад да ја укине смртната казна. Комесарка за заштита на човекови права на Обединетите нации Нави Пилај, на почетокот на годината изјави дека е шокирана од големиот број извршени смртни казни во Ирак, критикувајќи го недостигот од транспарентност во судските постапки и барајќи итно укинување на смртната казна.
XS
SM
MD
LG