Достапни линкови

Новородени бебиња на „црниот пазар“ во Египет за 570 долари


Египетската полиција соопшти дека разоткриена е мрежа на луѓе кои што препродавале новороденчиња. Според податоците на полицијата приведните учествувале во продажба на 300 бебиња по цена од 570 долари. Уапсени се пет осомничени меѓу кои еден лекар гинеколог и две медицински сестри кои работеле во болница во Каиро. Полицијата се уште е по потрага на директорот на болницата. Посвојувањето на деца во Египет е нелегално, па честопати паровите кои не можат да имаат деца бараат алтернативни начини.
XS
SM
MD
LG