Достапни линкови

Г.г.Стефан и Груевски удрија камен темелник на „Св.Константин и Елена“


Во центарот на Скопје денеска беше поставен камен-темелник на црквата „Св. Константин и св. Елена“. Црквата се гради непосредно до Дом на АРМ и недалеку од, како што тврдат од Синодот, автентичното место на скопскиот плоштад. Инвеститор е Македонската православна црква, која за изградба на храмот основа фондација „Св. цар Константин“ за собирање средства, а градежните работи ќе ги изведува компанијата „Бетон“ од Скопје. На осветувањето на црквата покрај свештените лица присуствуваа и министри од владата и премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG