Достапни линкови

Хиџабот се враќа во Египет


Египетската национална авиокомпанија донесе одлука да им дозволи на стујардесите кои летаат низ арапските земји да носат муслимански шамии. Таквата одлука наскоро ќе се однесува и за стујардесите од другите линии. Неодмна им беше дозволено на презентерките на вести да носат хиџаб кој што ја покрива косата но не и лицето.
За време на владеењето на претседателот Хосни Мубарак носењето на хиџаб беше забрането за жени ко се вработени во државни институции, авиокомпании и телевизиските презентерки. По изборите во јуни и победата на исламистичкиот претседател Мухамед Морси жените стартуваа кампања за да се симне забраната за носење хиџаб.
XS
SM
MD
LG