Достапни линкови

ММФ: Иран со намален економски раст


Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека економските резултати во Иран покажуваат „мало стегнување на појасот “ како последица на западните санкции. Директорот на ММФ за Блискиот исток и Централна Азија, Масуд Ахмед изјави денеска дека економскиот раст за догодина во Иран ќе се намали на 0,8 проценти додека се очекува зголемување на инфлацијата. Тој додаде дека во овие пресметки се уште не е вметната девалвацијата на валутата која во последниве недели изнесува повеќе од 50 проценти, односно риалот изгуби половина од својата вредност.
XS
SM
MD
LG