Достапни линкови

Делавекурас со остар тон му се обрати на Филе


Ако ставовите на еврокомесарот за проширување Штефан Филе се точно пренесени во интервјуто за новинската агенција Ројтерс, тогаш најверојатно ќе биде добра идеја за него да ги преиспита и преразгледа сите факти со кои располага. Ова е наведено во писмената реакција на портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас на интервјуто на Филе за Ројтерс.
Во интервјуто тој изјави дека oд Скопје и Атина доаѓаат позитивни сигнали кои покажуваат дека решавањето на спорот за името може да следи по почнувањето на пристапните преговори, а не да биде предуслов за нивно почнување.
Тој додаде дека е уверен оти во раната фаза на преговорите може да се создаде неопходниот импулс не само за разговори за проблемот за името, туку и за негово конечно решавање.
XS
SM
MD
LG