Достапни линкови

Директорот на БиБиСи си даде оставка


.

.

Генералниот директор на БиБиСи, Џорџ Ентвисл, денеска поднесе оставка, откако не успеа да се справи со скандалот за сексуалните злоупотреби на деца, јавуваат британските медиуми. Тој соопшти дека одлучил да „постапи чесно“ и да се симне од фотелјата по само два месеци откако застанал на чело на БиБиСи. Неговата оставка доаѓа на само еден ден откако медиумот јавно се извини твдејќи дека не требало да го емитуваат прилог во кој британски политичар е погрешно обвинет дека е вмешан во скандал со злоупотреба на деца.
БиБиСи почна да ја губи довербата кај гледачите по одбивањето да објави слични инфомрации за скандал за злоупотреба на деца при кој главен лик во него бил поранешен водител на токшоу на Џими Савиле кој е обвинет дека за неколку децении сексуално злоупотребил стотици деца.
XS
SM
MD
LG