Достапни линкови

Нови протести во Атина


Грчките синдикати најавија за денеска попладне масовни демонстрации против мерките за штедење и гласањето на новиот рестриктивен буџет за 2013 година. Буџетот за 2013 година предвидува мерки за штедење, веќе шестта година по ред. Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека целта на таквиот буџет е да помогне земјата да постигне суфицид што се предвидува да изнесува 800 милиони евра околу 0,5 проценти од БДП. Околу 70.000 лица во средата протестираа на плоштадот Синтагма, пред парламентот, додека во него се гласаше за мерките за штедење за периодот 2013-2016 година. Притоа, дојде и до судири на демонстрантите со полицијата.
XS
SM
MD
LG