Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза- сончево


Денеска не очекува сончево и малку потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утре и во наредните денови во претпладневните часови по одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се движи од минус три до девет, а дневната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 15 степени.
XS
SM
MD
LG