Достапни линкови

Позелене каналот Студенчишта во Охрид


Каналот Студенчишта во Охрид.

Каналот Студенчишта во Охрид.

Позеленувањето е невообичаена појава за овој период од годината. Охридските рибари обвинуваат дека надлежните изминативе години не презеле ништо за заштита на каналот.

Според едни - природна појава, според други, човечкиот фактор е причина за позеленувањето на охридскиот канал Студенчишта и појавата на алги во голем дел од каналот. Според охридските риболовци, ваквата слика не е вообичаена за овој период од годината. Тие сметаат дека тука има огромно присуство на фосфор, а не ја исклучуваат можноста во него да се влеваат и други фекалии и органски матери, пред сè поради присуството на стотина глисери и скутери.

Ова е прва година, додека другите појави, поморот и невлегување на плашицата во овој период на зимување, почна да се случува последните неколку години, односно од појавата на поголемиот број на глисери, односно пловните објекти кои се усидрени во самиот канал. Ние сега ќе започнеме да поднесуваме кривични пријави до непознати сторители за да можеме да откриеме чии фекалии се влеваат на ова место, овде се пескареа бродови едно време, да видиме што е причината за овие појави кои се несекојдневни досега и не се појавувале.
Радован Димитриевски претседател на СРК Свети Апостол Петар смета дека сето ова што се случува е резултат на негрижата на надлежните институции годиниве наназад.

„Ова е прва година, додека другите појави, поморот и невлегување на плашицата во овој период на зимување, почна да се случува последните неколку години, односно од појавата на поголемиот број на глисери, односно пловните објекти кои се усидрени во самиот канал. Ние сега ќе започнеме да поднесуваме кривични пријави до непознати сторители за да можеме да откриеме чии фекалии се влеваат на ова место, овде се пескареа бродови едно време, да видиме што е причината за овие појави кои се несекојдневни досега и не се појавувале“, рече Димитриевски.

Тој вели дека се подготвени примероци за сево ова што се случува да ги достават и до УНЕСКО.

„Редно е еднаш да се преземе одговорност, од било која страна за сето она што се случува и на кој начин ние ја уништуваме природата и дали некогаш ќе ги прошетаат претставниците на УНЕСКО да видат што се случува овде, ние ќе доставиме примероци до УНЕСКО, не само од каналот туку и од други места. Блатото еве сега слушаме дека во неговата средина ќе се гради хотел“, нагласува Димитриевски.

Директорката на Хидробиолошкиот институт во Охрид Сузана Патчева смета дека појавата на алгата е резултат на глобалните климатски промени кои се случуваат

„Точно за овој период од годината не е карактеристично да се појави кладофората која се јавува во пролетно летниот период, меѓутоа не е карактеристично во овој период од годината да имаме високи температури и интензивно осветлување. Точно, како резултат на ова се јавува развивање на оваа алга, но не претставува ништо алармантно и опасност за живиот свет“, вели Патчева.

Димитриевски, пак, вели дека една деценија ги предупредувале надлежните институции, кои останале глуви на сите нивни барања и укажувања, за навреме да се преземат мерки и да се спречат негативни последици врз целокупната флора и фауна во каналот Студенчишта и оти ние сме единствени во светот кои во заштитено подрачје на УНЕСКО уништуваме еден зимовник за повеќе видови риби, кој опстојувал милиони години.
XS
SM
MD
LG