Достапни линкови

Неделниците ја анализираат предизборната атмосфера


На четири месеци до локалните, а можеби и до предвремени парламентарни избори, неделниците почнаа да прават прогнози на исходот.

Избори, избори и пак избори. Има уште 4 месеци до нив, до локалните, не знаеме дали и до оние главните, а како да се за некоја недела. Неделниците веќе почнаа да излегуваат со конкретни прогнози, не знаеме што ќе биде кога навистина ќе се приближи времето за гласање.

Македонија сè уште не може да се преброи, па останува дилемата: како да веруваме во изборните резултати, кога истите тие институции не можат ниту да нè пребројат?
Република - Опозицијата нема многу причини за оптимизам

„Опозицијата нема многу причини за оптимизам“ - гласи насловот на анализата за изборните резултати во 2013 година, во Република. Неделникот дури прави проценка дека владејачката партија со сигурност ќе освоела 19 поголеми и уште триесетина помали општини, а коалицијата предводена од СДСМ - само 5.

Фокус - Граѓаните умираат, гласачите се множат!?
Постојат индиции дека во врвот на власта постои скепса да се прифати она што ЕУ објективно ќе ни го понуди во декември, а тоа е „датум за датум“, поточно најава за почеток на преговори - во јуни.

Фокус пишува за шемата на ВМРО-ДПМНЕ за местење на изборните резултати: „Граѓаните умираат, гласачите се множат!?“ - ја насловува својата анализа неделникот, потсетувајќи дека Заводот за статистика крена раце од претстојните избори поради наводно немање кадар. Сега товарот паѓа на ДИК, која прецизирањето на бројката гласачи во Изборниот список ја префрла на МВР, кое штанца лични карти, а избирачкиот список расте, Македонија сè уште не може да се преброи, па останува дилемата: како да веруваме во изборните резултати, кога истите тие институции не можат ниту да нè пребројат? - прашува Фокус.

Граѓански - Прегорено или истрошено

Граѓански пишува за „Прегорено“ или „Истрошено“ во анализата под наслов: „Burn out“, а инспирација за текстот Граѓански наоѓа во последното барање на опозицијата за гласачки пакет во март, но зошто никој не се пали на тоа? - прашува. Затоа што тоа е резултат на тажната, безидејна и постидеолошка позиција на нашите партии, на кои во недостиг од сериозни идеи и концепти им остана само да ги екранизираат најтривијалните елементи од дејствувањето на нивните опоненти.

Глобус - Извештајот на ЕК, шанса или предизвик

И за уште една актуелна тема пишуваат неделниците: „Шанса или предизвик - европскиот извештај за напредокот на земјава и односот на власта кон него“ е статијата во Глобус со извадоци од ставовите на учесниците на трибината што во Скопје ја организира Институтот Отворено општество. Како заеднички именител, редакцијата на неделникот ја изведува констатацијата дека постојат индиции дека во врвот на власта постои скепса да се прифати она што ЕУ објективно ќе ни го понуди во декември, а тоа е „датум за датум“, поточно најава за почеток на преговори - во јуни.

Капитал - И догодина сè ќе биде исто!?

Капитал го анализира новиот буџет за догодина усвоен од Владата. Насловот на главната сторија во неделникот гласи: „И догодина сè ќе биде исто!?“, со извичник и прашалник на крајот како коментар.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG