Достапни линкови

Папуљас за името, Николиќ за Косово


На синоќешната вечера со својот гостин од Белград, претседателот Николиќ, грчкиот претседател Папуљас ја повикал Македонија „да се откаже од непопустливоста и конструктивно да придонесе за изнаоѓање заедничко решение за прашањето за името“. Како што пренесуваат грчките медиуми тој рекол дека Грција нема да се согласи ако не се најде едно прифатливо решение – еден единствен конечен назив за сите намени кој ќе ја одразува стварноста.
Николиќ пак, нагласил дека Србија е подготвена низ дијалог и со посредство на ЕУ да дојде до решение кое ќе обезбеди мир и стабилност на Косово но не може да ја прифати „политиката на свршен чин“.
XS
SM
MD
LG