Достапни линкови

Груевски:Изборниот закон е усогласен со ОБСЕ


Во Изборниот законик се пресликани сите препораки значајни за локалните избори и се направени откако подолг период за нив е разговарано со претставници на Европската комисија, рече премиерот Груевски коментирајќи ги и забелешките од опзицијата дека во нив не се вметнати препораките од ОБСЕ ОДИХР како алиби за исходот од претстојните локални избори. Тој рече дека лидерот на опозицијата, Црвенковски на овој начин бара оправдување за да остане на функцијата претседател на СДСМ свесен дека ќе ги загуби изборите. Исто така додаде и дека ако се процени дека има потреба ќе се организира средба на лидерите на политичките партии.
XS
SM
MD
LG