Достапни линкови

Реактор на романската нуклерка престанал да работи


Раководството на единсвената романска нуклеарна централа „Чернавода“ соопшти дека системот за автоматско прекинување е мистериозно активиран и еден од двата реактора на нуклеарката ненадејно прекинал со работа. Реакторот ќе остане надвор од погон се додека не се утврди причината за прекинот, соопштија од „Нуклеарелектрика“ која која има мнозински удел во „Чернавода“. Тие исто така информираа и дека овој инцидент не ја загрозил безбедноста на вработените, граѓаните, ниту на животната средина.
Нуклеарката „Чернавода“работи од 1996 година и учествува со околу 18 отсто во вкупното производство на електрична енергија во земјата.
XS
SM
MD
LG